Базата на податоци ги опфаќа договорите за јавни набавки склучени во многу краток рок без објавување на јавен оглас. Овие договори се склучуваат со образложение дека институцијата нема време да спроведе тендер и мора итно да го склучи договорот. За овие договори институциите наместо да објават јавен оглас за сите компании да знаат за набавката испраќаат покана за преговарање само до оние компании кои самите ќе ги одберат. За склучување на овие договори институциите ја користат постапка со преговарање без претходно објавување на оглас, повикувајќи се на одредбата: „во случаи кога, од причини од крајна итност предизвикани од настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди и да му се припишат како пропуст, не може да примени рок за објавување на јавна набавка”. Базата на податоци опфаќа 1.165 договори за итни набавки во вкупна вредност од 2,4 милијарди денари односно околу 39 милиони евра. Во базата се вклучени сите договори од овој вид склучени во периодот 2013, 2014 и 2015 година од страна сите институции во Република Македонија.


Филтри за пребарување



ИнституцијаКомпанијаВредност (во ден.)ДатумПредмет
Општина ЦентарДруштво за трговија и услуги ДВД ПЕТ ДОО Скопје840,0002015-12-29 организирање на настани, манифестации и хепенинзи со професионална аудио опрема, осветлување, ЛЕД екрани и ЛЦД проектори за потребите на ОпштинаЦентар - Скопје занаст ан Град во Градот 3
Град СкопјеДруштво за геодетски работи и услуги ДЕЛА СИСТЕМИ ДОО Скопје6,000,0002015-12-28 Услуги за вршење на геодетски работи
Министерство за внатрешни работи на РМДруштво за производство, трговија и услуги ФУД ВЕНДОР ДООЕЛ Скопје2,325,3662015-12-28 бурек,пици,банички по спецификација
Министерство за одбрана - сектор за логистикаДруштво за производство трговија и услуги Неделко Илија Шикловски ШИКИ увоз-извоз Битола ДООЕЛ171,1002015-12-22 Оспособување на термотехнички објекти во касарните Илинден -Скопје и Страшо Пинџур –Петровец
12345678910...


10 најголеми договори за итни набавки


Најголемиот договор за итна набавка е склучен во ноември 2014 година од страна на АД Електрани на Македонија со градежната фирма Пелистер Битола за услуга од помошна механизација на повик за РЕК Битола во вредност од околу 5,8 милиони евра. Склучувањето на овој договор без претходно да се објави оглас АД Електрани на Македонија во известувањето за склучен договор (достапно во рамките на визуелниот приказ) го образложува со финансиско исцрпување на претходниот договор за користење механизација и дека доколку не се склучи овој договор за потребната механизација за санирање на свлечиштето Суводол ќе се загрозела сигурната работа на основната механизација.

Во листата на најголеми договори за итни набавки и следните два се на АД Електрани на Македонија склучени во септември и октомври 2013 година во вредност од по околу 2,3 милиони евра. Двата договори со склучени за ангажирање на градежна механизација и тоа со иста фирма, Марковски Компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола.

Во листата на десетте најголеми договори за итни набавки се наоѓа и уште еден договор на АД Електрани на Македонија склучен со Силовие Машини Русија за санација на дефект на цилиндер на Блок 1 за Термоелектрани, РЕК Битола склучен во декември 2014 година.

Во десетте најголемите договори за итни набавки се наоѓаат и дури три договори склучени од страна на Државна изборна комисија (ДИК). Првиот е од март 2013 година склучен со Печатница Киро Д. Дандаро заштитно друштво Битола за печатење на доверлив изборен материјал (гласачки ливчиња, записници, образци), недоверлив изборен материјал и пакување на материјалите систематизирани по општини и избирачки места. Договорот се однесува на локалните избори 2013 година и е склучен во вредност од 1 милион евра. Во известувањето за склучен договор, кое е дел од визулениот приказ на најголемите договори, ДИК не дала попрецизно објаснување зошто немала време за објавување на тендер туку морала да примени нетранспарентна постапка за печање на избориот материјал.

Следните два договори на ДИК се однесуваат на изборите во 2014 година. Поголемиот по вредност договор се однесува на превоз на членови на избирачките одбори за спроведување на гласањето во странство кој е склучен со БТ Македонија ДОО Скопје во вредност од 766 илјади евра. Следниот договор на ДИК е за печатење на гласачките ливчиња и останат изборен материјал склучен повторно со Печатница Киро Д. Дандаро заштитно друштво Битола во вредност од околу 610 илјади евра.

Во листата на десетте најголеми договори за итни набавки се наоѓаат уште и договорите на Јавно претпријатие за државни патишта, Општина Новаци и на Македонски Железници Транспорт АД-Скопје. Договорот на Јавно претпријатие за државни патишта е склучен со Гранит АД-Скопје за санација на свлечиште на Регионален пат Р1205, делница Кратово – Пробиштип во вредност од 921 илјада евра. Итноста на овој договор, како што може да се види во известувањето за склучен договор (дадено во прилог на визуелниот приказ) се појавените деформации односно вертикални слегнувања на коловозната површина и отворање на пукнатина на коловозот во ширина. Во листата на најголеми е и договорот на Општина Новаци склучен со Трансмет ДОО Скопје во септември 2015 година за ангажирање на градежна механизација за чистење на речно корито на Црна Река во општините Новаци,Битола,Могила и Прилеп. Во образложението на оваа набавка се вели дека е во согласност со Акцискиот план на Владата и Дирекцијата за заштита и спасување и дека дадениот рок од 45 работни дена бил кус да се спроведе тендер. На десетто место е договорот на Македонски Железници Транспорт АД-Скопје склучен во септември 2015 година со Фјучр Енерџи увоз-извоз ДООЕЛ Скопје за набавка на електрична енергија во вредност од околу 580 илјади евра. Во известувањето за склучен договор нема подетално образложение зошто МЖ Транспорт не можел да објави оглас за оваа набавка.


10 институции со најголема вредност на договорите за итни набавки




Листата ја предводи АД Електрани на Македонија која во изминатите три години има склучено 91 договор за итна набавка во вкупна вредност од 15 милиони евра што е дури 38% од вкупната вредност на овој вид договори на ниво на Република Македонија. На второ место е Државна изборна комисија која во изминатите три години има склучено 66 итни договори во вкупна вредност од 3,8 милиони евра. На трето место е Министерството за одбрана–сектор за логистика кое има склучено 55 итни договори во вкупна вредност од 2,7 милиони евра. Во групата на 10 институции со најголема вредност на договори за итни набавки се наоѓаат и две клиники - ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија и ЈЗУ Клиника за Хематологија, потоа две општини - Новаци и Охрид и три јавни претпријатија- Јавно претпријатие за државни патишта, ЈП Водовод и канализација – Скопје и М.Ж. Транспорт АД-Скопје.


10 компании со најголема вредност на договорите за итни набавки




Компаниите со кои АД Електрани има склучено дел од своите договори за итни набавки ја предводат листата на компании со најголема вредност. На врвот е битолската компанија Пелистер која има склучено само две итни набавки, но во вкупна вредност од околу 6 милиони евра. Следува уште една битолска фирма Марковски Компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз која исто така има само два договори од овој вид, во вредност од 4,6 милиони евра. На трето место според вредност на договорите од околу 2 милиони евра е фирмата со која се склучени дури 27 договори за итни набавки, а тоа е АД за производство на лекови, медицинска опрема и материја, промет и услуги Д-Р Пановски.



Вредност на итните набавки по години


Вредноста на итни договори по години

Гледано по години, договорите за итни набавки имале најголема вредност во 2014 година, а најмала во 2015 година. Во мај 2015 година е воведена законска обврска институциите за склучување на овој вид на договор да мораат да побараат согласност од новоформираната институција, Советот за јавни набавки. Оттука, причините за падот на вредност на овие договори во 2015 година е можеби резултат на потребата институциите детално да ги образложат причините за итноста на набавка и за склучување на договор без објавување на оглас.